„Бутел“ најдобар македонски теквондо клуб на меѓународниот турнир во Скопје

2 mins read

Заврши осмиот меѓународен турнир „Скопје Опен 2022“, теквондо турнир кој се организираше во СЦ „Јане Сандански“. На овој турнир учествуваа седум држави, над 500 натпреварувачи од 40 клубови.

Организатори на овој турнир традиционално се Теквондо Клубот „Бутел“ како носител и Македонската Теквондо Федерација како поддршка.

Од ТК „Бутел“ се надеваат дека за скоро овој проект ќе прерасне во Г1 турнир кој ќе носи бодови за обезбедување олимписка норма.

Воедно упатуваат благодарност до Градот Скопје и Македонскиот Олимписки Комитет за поддршката.

Резултати од 8миот СКОПЈЕ ОПЕН 2022 меѓународен турнир во олимписко Таеквондо:

Севкупен пласман од прво до 10 место во сите старосни и тежински категории А класа –

1. ТК Кондор (Бугарија) 95 бодови
2. ТК Бутел (Македонија) 89 бодови
3. ТК Гладиатор (Бугарија) 82 бодови
4. ТК тим Ниш (Србија) 70 бодови
5. ТК Монтенегро старс (Црна Гора) 43 бодови
6. ТК Кобра (Македонија) 40 бодови
7. ТК Феникс (Бугарија) 38 бодови
8. ТК Борец (Македонија) 38 бодови
9. ТК Класа (Бугарија) 34 бодови
10. ТК Турбо (Бугарија) 33 бодови

Пласман Сениори А класа –
1. ТК Бутел (Македонија) 34 бодови
2. ТК Фитнес (Бугарија) 12 бодови
3. ТК Борец (Македонија) 12 бодови

Пласман Јуниори А класа –
1. ТК Кондор (Бугарија) 32 бодови
2. ТК тим Ниш (Србија) 21 бодови
3. ТК Бутел (Македонија) 20 бодови
3. ТК Монте негро старст (Црна Гора) 20 бодови

Пласман Кадети А класа –
1. ТК Кондор (Бугарија) 44 бодови
2. ТК Гладиатор (Бугарија) 29 бодови
3. ТК тим Ниш (Србија) 24 бодови

Пласман Пионери А класа –
1. ТК Гладиатор (Бугарија) 42 бодови
2. ТК Феникс (Бугарија) 25 бодови
3. ТК тим Ниш (Србија) 25 бодови

МТФ ја поздравува одличната организација на најголемиот и најдобро организиран меѓународен турнир во олимписко таеквондо во Македонија. Исто така МТФ ги поздравува одличните настапи на македонските клубови кои покажаа одлични резултати и пласмани!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Која е убавицата која и покрај сѐ остана со Бекер: Татко ѝ е министер, а во затвор го испрати со бакнеж

Следно

Дневен хороскоп за 2 мај: Премногу го фалите вашиот партнер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian