Бањаја најдобар на трката за Големата награда на Шпанија

1 min read

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја е победник на трката за Големата награда на Шпанија, шеста во сезоната на Мото ГП шампионатот.

Италијанецот водеше од стартот во Херез, а триумфираше со нешто помалку од три десетинки предност пред официјалниот шампион Фабио Квартараро.

Подиумот го комплетираше Алеш Еспаргаро на „Априлија“ на третата позиција.

Осумкратниот светски шампион Марк Маркез беше четврти, Џек Милер петти, а Џоан Мир шести…

Квартараро е на првата позиција во генералниот пласман со 89 бодови, седум повеќе од Еспаргаро.

Следната трка од Мото ГП шампионатот ќе се вози на 15 мај за Големата награда на Франција во Ле Ман.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тажен и напуштен и покрај милијардите: Сам сум во куќата со 18 бањи, Мелинда замина

Следно

ФОТО | Сите жени полудеа по него кога се натпреваруваше на Евровизија: Како денес изгледа згодниот Грк?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian