Албанија: Литар масло за јадење 3,1 евро, литар нафта две евра

1 min read

Жителите на Албанија првомајските празници ги дочекаа со нови цени на основните прехранбени артикли и горивата.

Според одлуката на Бордот за транспарентност, што ја објави Владата, нови цени добија маслото за јадење, шеќерот, оризот и брашното, а пред еден ден и горивата.

Литар масло за јадење се продава по повисока цена од 60 лека (едно евро = 120,99 леки) и сега чини 381 лека (3,1 евро), килограм шеќер 121 лека, ориз 109 лека и килограм брашно 79 лека.

Нови цени имаат горивата. Така, нафтата е поскапа за 10 лека и изнесува 243 лека (1,99 евра) за литар што е највисоко ниво на поскапување од 26 март. За 10 лека поскапе и бензинот и се продава по 223 лека. За два лека поскап е гасот, кој сега се продава по 106 лека за литар.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ОН: Милиони тони жито се заглавени во украинските пристаништа

Следно

ВИДЕО: Внукот на Мухамед Али во првата рунда го нокаутираше Ибара во Лас Вегас

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian