Започна продажбата на билетите за Европското првенство 2022

1 min read

Како што е веќе познато, македонската женска сениорска ракометна репрезентација на Европското првенство 2022 во групата „Ц“ во Скопје (СЦ „Борис Трајковски“) ќе игра против Франција, Холандија и Романија.

Нашите најдобри ракометарки во првиот натпревар ќе ги одмерат силите против француската селекција.

Ракометната федерација на Македонија информира дека започна онлајн продажбата на билети за претстојното ЕП 2022.

Билетите може да се набават на следниот линк ТУКА

Сите мечеви на Македонија во прелиминарната фаза можете да ги следите за 40 евра (трета категорија), 65 евра (втора категорија) и 80 евра (прва категорија). Тоа се влезници за трите дена во кои ќе се играат по два меча, а тоа значи дека пакетот содржи билети за шест натпревари.

Билетите за натпреварите до главната фаза во зависност од категоријата чинат 75, 110 и 165 евра. Тоа значи четири дена или вкупно девет натпревари.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Разговор Петков – Шолц: Иднината на регионот е во семејството на ЕУ

Следно

Перуански крокети за вистински гурмани: Хранливи „бомби“ кои ќе ги заситат и најгладните

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian