Денеска во рамките од Премиер лигата составот на Манчестер сити триумфираше убедливо на гостувањето кај Лидс со 0:4.
За „граѓаните“ на овој дуел по еднаш во листата на стрелците се запишаа Родри, Аке, Жезус и Фернандињо.
Овој резултат покажува дека тимот на Пеп Гвардиола во одлично расположение го очекува реванш дуелот од полуфиналето во ЛШ против Реал Мадрид следната среда.
На четири кола до крајот на сезоната води Сити со 83 бодови, еден повеќе од Ливерпул. Во следното коло Сити е домаќин на Њукасл, а Ливерпул ќе го пречека Тотенхем.
Лидс води грчевита борба за опстанок, и натаму се наоѓа во безбедната зона на 17 место со 34 бодови. За таа позиција најголем ривал за играчите на Џеси Марш ќе биде Евертон кој е во зоната за испаѓање на 18 место со 29 бодови, но и два натпревари помалку.
Претходно Ливерпул ја оправда фаворитската улога откако го совлада Њукасл (0:1). Го имаме и првиот патник во Чемпионшип за следната сезона, тоа е екипата на Норич која загуби од Астон Вила со 2:0.
Во другите мечеви: Саутемптон – Кристал палас 1:2, Ватфорд – Барнли 1:2 и Вулверхемптон – Брајтон 0:3.
Премиер лига, табела –
1.Манчестер сити 83 бодови
2.Ливерпул 82
3.Челси 66
4.Арсенал 60
—
17.Лидс 34
—
18.Евертон 29
19.Ватфорд 22
20.Норич 21