ВИДЕО: Наполи ја прекина серијата на лоши резултати во Серија А

1 min read

Пред стартот на денешниот натпревар играчите на Лучано Спалети три натпревари по ред немаа победа, односно двапати загубија од Емполи и Фиорентина, а ремизираа дома со Наполи.

Доста бодови загубија „наполитанците“ во клучен дел од сезоната кога се решава борбата за титулата во најсилното италијанско првенство.

Денеска клубот од Неапол им се врати на победите, пред своите навивачи со 6:1 го декласираше составот на Сасуоло. Уште во првото полувреме домаќините го обезбедија триумфот со головите на Кулибали, Осимхен, Лозано и Мертенс.

Белгиецот Мертенс во 54 минута го реализираше својот втор гол, од 77 минута настапи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас како замена за Осимхен.

Конечниот епилог го постави Рахмани во 80 минута после асистенцијата на Политано. Гостите само го ублажија поразот преку Лопез (87`).

На табелата Наполи останува на третата позиција со 70 бодови од 35 натпревари. Милан е водечки со 74 бодови од 34 натпревари, пред Интер кој има 72 бодови исто така од 34 мечеви. Своите дуели миланските гиганти ќе ги имаат во недела, односно „росонерите“ ќе ја пречекаат Фиорентина, а „нераѕурите“ му гостуваат на Удинезе на нашиот Илија Несторовски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Форбс: Русија досега истрела врз Украина проектили вредни 7,5 милијарди долари

Следно

Месечен хороскоп за мај: Почна сезоната на еклипсите, спремете се за промени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian