ВИДЕО: Ливерпул со минимална победа ја продолжи борбата со Сити

1 min read

Ливерпул со 1:0 го победи Њукасл во незгодно гостување во 35 коло од Премиер лигата и така ја продолжи борбата за титулата со Манчестер сити.

Играчите на Јирген Клоп сега барем привремено се први со два бода предност, а составот на Пеп Гвардиола има можност да возврати од 18.30 часот на гостувањето кај Лидс.

Стрелец на единствениот гол за „црвените“ на денешниот натпревар беше Наби Кеита во 19 минута после асистенцијата на Диого Жота.

Голот беше проверен од ВАР за евентуален прекршок на Милнер претходно во акцијата, но немаше промена во одлуката.

Германскиот менаџер Клоп успеа да ги одмори и некои од најважните играчи за реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите во вторник на гостувањето кај Виљареал, каде Ливерпул брани предност од 2:0.

Мохамед Салах и Фабињо играа само од 69 минута, а девет минути подоцна влезе Тиаго. Трент Александар-Арнолд не играше.

На табелата моментно води Ливерпул со 82 бодови, два повеќе од Сити. Клубот од „Енфилд“ во следното коло на 7 мај ќе го пречека Тотенхем.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Србија ја зголеми квотата за извоз на пченица на 220.000 тони

Следно

ВИДЕО | Премиера на необјавена песна на Ѓорѓе Балашевиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian