ВИДЕО | Констракта сними акустична верзија на песната In corpore sano

1 min read

Констракта сними нова, акустична верзија на песната „In corpore sano“ со која ќе се натпреварува во Торино. Песната е објавена на официјалниот „YouTube“ канал на Евровизија, а во видеозаписот Констракта миењето раце и крпите го замени со сценографија инспирирана од „Тајната вечера“ на Да Винчи. За забавата на Куќата на Евровизија беше создадена специјална акустична верзија на песната, преку која публиката ги запознава овогодинешните претставници.

Констракта моментално е 11-та на листата на фаворити според прогнозите на обложувалниците, а со својот тим веќе отпатува за Торино каде на 12 мај ќе настапува во втората полуфинална вечер.

Пејачката неодамна се најде во центар на скандал поради фотографиите од официјалната евровизиска кампања на „РТС“ и поставените маси во облик на „Z“ пред неа. Многумина овој потег го протолкуваа како поддршка за руската инвазија на Украина, бидејќи буквата „Z“ стана провоен симбол, но и „РТС“ и Констракта ги негираа овие наводи.

Констракта се огласи по нападите: Земјата е рамна плоча, Тупак е жив

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кој беше Мино Рајола: Почна како келнер, го смируваше Ибра, зборуваше 7 јазици..!

Следно

Сали Бериша и сопругата паднаа пред приврзаниците: Веќе се гледа како нов лидер на ПД, но и иден премиер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian