ВИДЕО: Еуфорија, станаа шампиони на Турција после 38 години

1 min read

После денешното реми дома против Анталијаспор (2:2), фудбалерите на Трабзонспор се новите шампиони на Турција – седми пат во историјата и првпат по 38 години!

Додека има голема прослава во клубот чиј стадион се вика Шенол Ѓунеш, по поранешниот голман и познат тренер, многумина не знаат дека Трабзонспор беше најдоминантниот тим во својата земја речиси 10 години, од 1975 до 1984 година. Во тој период освои шест титули, па со децении чекаше ново славје. И тоа се случи вечерва!

Лидери на Трабзон во историската сезона се капитенот и најскапиот играч на тимот Угурџан Чакир (26), потоа данскиот напаѓач Андреас Корнелиус, стрелец на 15 голови, крилото Антони Нвакаеме, кој постигна 11 гола, а асистираше на 10.

На табелата на водечката позиција Трабзонспор има недостижни 77 бодови, пред второпласираниот Фенербахче (68), а на третото и четвртото место се Коњаспор (64) и Башакшехир (60).

Шампионот на Турција во квалификациите за Лигата на шампионите ќе игра од третото коло, а вицешампионот од второто. Екипите на третото и четвртото место ќе се пласираат во Конференциската лига. Сезонава титулата ја бранеше Бешикташ, а претходно два пати ја освоија Башакшехир, Галатсарај, два пати исто така Бешикташ… Исто така, сезоните поминуваат, а тамошниот најтрофеен тим таму – Фенербахче, не успева да биде шампион. На новата титула ќе чека најмалку девет години, најдолга во неговата историја.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поради гледање порно снимки во парламентот, британски пратеник поднесе оставка

Следно

ВИДЕО| Анџелина Џоли отишла во Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian