ВИДЕО| Анџелина Џоли отишла во Украина

1 min read

Актерката Анџелина Џоли ги изненади Украинците откако во саботата се појави во кафуле во Лавов, пишува „DailyMail“.

Џоли (46) го привлече вниманието кога се појави облечена во комфорна облека во кафулето, а Маја Пидородецка објави видео од познатата актерка и режисерка на „Фејсбук“.

„Ништо посебно. Само Лавов. Само отидов да пијам кафе. Само Анџелина Џоли“, напиша таа на украински по снимањето на актерката, која ѝ мавна од пултот. „Украина е едноставно поддржана од целиот свет“.

Обожавателите ја забележале во украинскиот град, како ја поздравува Џоли додека руските сили се собирале на истокот на земјата за обновен напад.

На снимката се гледа како таа им пишува автограми за своите обожаватели во Украина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Еуфорија, станаа шампиони на Турција после 38 години

Следно

СТРАШНИ СНИМКИ: Големо торнадо во Канзас, уништени куќи и згради

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian