Тетово и околните општини мака мачат со кучињата скитници – сите се за стационар, ама каде

2 mins read

Справувањето со кучиња скитници, за што решение заеднички бараат сите полошки општини, наиде на потешкотија. Проблемот е во немањето на соодветна локација. Првично место за тоа беше место во Општина Брвеница, но градоначалникот вели дека Министерството за земјоделие во мандатот на неговиот преходник локацијата ја има издадено на концесионер.

-Општина Брвеница во принцип не е против изградба на стационар на подрачјето на наша општина. Ние се судруваме со друг проблем. Претходниот градоначалник само посочил локација. Од почетокот на мојот мандат никаква документација немаше изработено за стационарот во нашата општина. Почнавме процедура каде требаше да биде локацијата меѓу Стенче и Теново во консулатација со нив, но едногласно ја одбија локацијата. Не е доволно оддалечена од населените места во тоа подрачје. Советот, исто така едногласно ја одби понудата за локацијата. Во меѓувреме Министерството за земјоделие истото земјиште кое е земјоделско земјиште го има издадено на 15 години под закуп на приватно лице. Друга соодветна локација немаме. Немаме ништо против би донела инвестиција и вработување, изјави градоначалникот Јовица Илиевски.

Тетовскиот градоначалник Биљал Касами, кој воедно е претседател на Советот на полошките општини, најави разгледување на други опции за локација. Од друга страна, вели дека за Тетово има идејата независно со регионалниот центар.

– Веќе имаме првичен усмен договор со здруженето Амос со кое сега ги разгледуваме формално правните можности за склучување на договорот, дали ќе одиме со јавна процедура за склучување на тендер или ќе имаме некоја можност поради тоа што е здружение за згрижување на кучиња скитници, за тоа да биде во друга форма. Кога ќе се завршат тие формално правни можности ние ќе одиме брзо со решение кое ќе биде во интерес на сите граѓани. Здружението има излезено на терен го има мапирано теренот, горе-долу знаеме колку и каде се тие кучиња кои се опасни за граѓаните и одма кога ќе имаме пишан договор со здружението, изјави Биљал Касами.

Само неделава во билтенот на СВР Тетово имаше евидентирано две каснувања од бездомни кучиња кои ги пријави жители на Тетово.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Месечен хороскоп за мај: Почна сезоната на еклипсите, спремете се за промени

Следно

Хром добива целосно реконструирана сообраќајница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian