Сара Павловска со едноставно, а слатко задоволство: Здрава торта со моркови

3 mins read

Сара Павловска е млада девојка која по професија е сметководител, а во слободното време сака да ја изразува својата креативност со експериментирање во кујната.

Вкусните рецепти на Сара можете да ги прочитате на нејзиниот инстаграм-профил @spavlovskaaa кој, патем, е вистинско визуелно уживање.

Овојпат, Сара ни споделува идеја за едноставно, а слатко задоволство – здрава торта со моркови.

„Ова е најлесната торта со моркови која некогаш ќе ја направите. Можете да ги оставите садовите за матење, бидејќи тестото се прави директно во блендер“, вели Сара.

Потребни состојки:

– Спреј за готвење или масло, за тава
– ⅓ чаша брусница или ½ чаша суво грозје
– 3 средни моркови, излупени и крупни исечкани
– 2 големи јајца
– 2 лажици јаворов сируп
– ¼ чаша млеко или млеко од јаткасти плодови
– ¼ чаша кокосово масло, стопено и малку изладено
– 1 чаша овес изблендиран и 2 супени лажици интегрално брашно
– 2 лажички цимет
– ¾ лажичка ситна сол
– 42 г незасладен рендан кокос
– 1 лажичка прашок за печиво
– 40 г сечкани ореви
– ½ маскарпоне

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Подмачкајте ја тавата за печење со кокосово масло или со спреј за готвење. Обложете ја тавата со хартија за печење, оставајќи простор на страните. На тој начин, колачот полесно ќе се извлече од тавата за печење. Ставете ги брусниците(или сувото грозје) во помал сад и додајте вода.

Ставете ги морковите во блендер. Блендирајте додека морковите не се многу ситно исечкани. Сѐ префрлете во сад. Земете една крпа и исцедете ја водата од морковот.

Додајте ги јајцата, јаворовиот сируп, млекото, кокосовото масло, циметот, солта и ванилата. Блендирајте додека не се изедначи смесата. Потоа додајте ги и брашното, сечканиот кокос и прашокот за пециво. Мешајте во сад сѐ додека не се изедначи.

Исцедете ги брусниците(или сувото грозје) и додајте ги во тестото, заедно со сечканите моркови и оревите (ако користите).

Истурете ја смесата во подготвената тава и распоредете ја во рамномерен слој. Печете додека не порумени и проверете со чепкалка во средината, истата да излезе чиста, печете околу 45 минути.

Ставете ја тавата на решетка за ладење и оставете да се излади 10 минути. Повлечете тенок нож по страните на тавата, а потоа внимателно користете ги рачките од хартијата за да ја извадите.

Уживајте.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Прва победа за Македонец на Европско сениорско првенство во џудо

Следно

Реализирани активности на ЈП „Улици и патишта“ Скопје во работната акција во општина Бутел

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian