Сали Бериша и сопругата паднаа пред приврзаниците: Веќе се гледа како нов лидер на ПД, но и иден премиер

2 mins read

На денешното Национално собрание на „Комисијата за обнова на Демократската партија”, крило, предвоено од Сали Бериша, беше одлучено новозбраниот Национален совет нов лидер на партијата да избере на 22 мај.

Во исто време беше донесна одлука со која се отповикува од фукцијата координатор на пратеничката група на демократите, Енкелеј Албеај, а, како што беше речено не се признава ни за вршител на должноста претседател на партијата, избран по оставката на Љуљзим Баша.

Активното враќање на Сали Бериша и неговата амбиција да го преземе раководството на Демократската партија, тој го најави и во денешното обраќање, во кое себе си се виде, не само како партиски лидер(функција на која беше до 2013) туку и како иден премиер, ветувајќи „издигнување на партијата и земјата”.

За ситуацијата во која денес се наоѓа ПД, Бериша го обви Љуљзим Баша, човекот кој и самиот со години го поддржуваше да раководи со партијата, но имаа несогласувања откако Баша го исклучи од пратеничката група, по неговото прогласување за нон грата од САД.

И денеска неговото прогласување од Стејт департментот за нон грата рече дека е „ мафијашко спонзорство на Сорос”.

Бериша во говорот пред околу 1500 делегати, даде ветувања и како премиер.

-Албанците насекаде ќе имаат албанско државјанство. Косовските Албанци ќе имаат двојно државјанство, вети тој.

Не ги поштеди ни предупредувањата за протести и против Еди Рама и против српскиот претседател Александар Вучиќ, додавајќи дека „секој обид за дестабилизација на Косово ќе се соочи со реакцијата на Албанците како еден народ”.

На собирот беа регистрани два „инцидента” првиот кога одејќи кон говорницата Бериша(78), изгуби рамнотежа и падна, што тој ова го оправда со „огромните емоции” од громогласниот аплауз на присутните кои стана на нозе да го поздрават, а подоцна кога стана од местото каде што седеше, падна и неговата сопруга.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Констракта сними акустична верзија на песната In corpore sano

Следно

ВИДЕО: Сити се „загреа“ за Реал, Лидс до крајот ќе стравува за опстанок

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian