Реализирани активности на ЈП „Улици и патишта“ Скопје во работната акција во општина Бутел

1 min read

Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје во текот на големата пролетна работна акција во општината Бутел ги санираа оштетувањата на коловозите и на тротоарите, ја обновија вертикалната и хоризонтална сигнализација и ги санираа сите недостатоци кои беа утврдени со контролата на светлосната сигнализација на крстосниците во општина Бутел.

На булеварот Словенија, улицата Александар Урдаревски, улицата Бутелска и улица Радишанска се санирани оштетувања во асфалтот во површина од 80 метри квадратни и на истите сообраќајници е извршена санација на тротоарите, односно бехатон плочи во вкупна површина од 40 метри квадратни.

Обележување на хоризонтална сигнализација имаше само на улицата Бутелска, обележани се пешачките премини и училишта во делот кај општината и кај општинската зграда. Нови знаци се поставени на улица Бутелска и санирани се на бул.Словенија и улица Александар Урдаревски.

Во оваа општина санација на светлосната сигнализација имаше на само три крстосници и тоа на крстосница бул.Босна и Херцеговина со бул.Словенија, крстосница улица Александар Урдаревски со улица Натаниел Кучевишки каде е извршена замена на оштетените сенила на возачките и пешачки латерни и исправени се висечките латерни на семафорите на улица Христијан Тодоровски Карпош со улица Боца Иванова.

На крстосницата булевар Босна и Херцеговина со улица Лазо Трповски се поставени нови одбројувачи на семафорите и пуштени во функција.

Со завршувањето на работните активности во општина Бутел екипите продолжуваат со извршување на работната акција во општина Шуто Оризари.

skopjeinfo.mk

Претходно

Сара Павловска со едноставно, а слатко задоволство: Здрава торта со моркови

Следно

Србија ја зголеми квотата за извоз на пченица на 220.000 тони

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian