Разговор Петков – Шолц: Иднината на регионот е во семејството на ЕУ

1 min read

Премиерот на Бугарија Кирил Петков по враќањето од Романија телефонски разговарал со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Петков и Шолц разговарале за интеграцијата на Западен Балкан во Европска Унија и соработката со Северна Македонија, за суспензијата на рускиот гас од страна на „Газпром” за Бугарија и за посетата на Украина.

– Бугарија е убедена дека иднината на регионот е во семејството на ЕУ, нагласи бугарскиот премиер.

Петков го информирал Шолц и за помошта што Бугарија може да и ја пружи на Украина за поправка на нејзината воена опрема. Бугарскиот премиер укажа и на можноста пристаништето Варна да стане логистички центар за извоз на украинска пченица и нафта, ја истакна важноста на превентивните мерки на европско ниво против ризиците од криза со храна по руската воена инвазија врз Украина.

Петков и Шолц разговарале и за енергетската безбедност во Европа, вклучително и мерките што земјите од ЕУ ги преземаат за обезбедување на снабдувањето со гас.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

88 санкционирани возачи во Скопје

Следно

Започна продажбата на билетите за Европското првенство 2022

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian