Николоски: Понудата за лидерска средба се уште важи, спремни сме за средба со било кој од СДСМ

3 mins read

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски прашан дали и покрај одбивањето на Ковачевски да седне на лидерска средба со Мицкоски, се уште важи понудата, тој изјави дека освен што понудата е отворена, тие се спремни да разговараат со секој во СДСМ кој што ги носи одлуките, како на пример Зоран Заев, Радмила Шеќеринска или некој друг.

Иако формалниот претседател на СДСМ и премиер на македонската Влада, Димитар Ковачевски ја одби понудата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски за лидерска средба на која, меѓу другото, би се разговарало и за одредување на брз датум за предвремени парламентарни избори, понудата се уште стои отворена, изјави тој.

Николоски додаде дека единствен излез од економската и политичка криза на Македонија се предвремените парламентарни избори и тие треба да се одредат час поскоро, но до тогаш ја повика власта да ги прифати четирите тима со високи професионалци од четирите клучни сектори кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, со цел да не се губи време до одржувањето на изборите, овие тима да работат и да нудат решенија за излез од кризите кои ја зафатија Македонија.

„Ние дадовме десетина дена да размисли и еве да повторам оттука, доколку Димитар Ковачевски не е тој кој што ги носи одлуките во СДСМ, спремни сме да седнеме и да разговараме со тој кој што тие ќе го посочат дека ги носи одлуките во СДСМ. Ако е Зоран Заев, Зоран Заев ако е Радмила Шеќеринска, Радмила Шеќеринска ако е некој трет, тој кој што ќе го посочат. Потребно е Македонија да излезе од политичката и економска криза, преку решенија во четирите клучни сектори, економија, надворешни работи евро интеграции и односи со Бугарија и заштита на македонскиот национален идентитет, образование и здравство. И секако определување на брз датум за предвремени избори, затоа што излез од оваа криза се само предвремени избори, а додека да се случат тие предвремени избори, да не се губи времето и овие четири тима да работат. Нашата понуда стои и е отворена, оставаме на нивната политичка свест и одговорност”, рече Николоски.

Николоски посочи дека Македонија е единствената држава во Европа која што се соочува со сериозни кризи, а каде власта одбива комуникација со опозицијата.

„Мислам дека во моментов, Македонија е единствена европска држава која што се соочува со криза во која што власта одбива комуникација со опозицијата, што покажува дека единствена намера им е само продолжување на криминалните практики”, истакна Николоски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Разговор со Сара Реџиќ, веселата дизајнерка: Моите креации ги замислувам на луѓе коишто си ги носат со ќеиф, разиграно низ светот

Следно

Возило удри во пешак на „Загребска“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian