Вечерва околу 21 часот голем пожар избувнал во стан на првиот кат од зграда во улицата Палмотиќева во Загреб.
Пожарникарите брзо пристигнале на местото на настанот и спасиле седум станари кои биле на катот и не можеле да излезат од зградата бидејќи чадот се ширел низ скалите, а пожарот ги загрозил и другите делови од зградата.
Веднаш по спасувањето на станарите, пожарникарите почнале да го гаснат пожарот и многу брзо го ставиле под контрола.