„Засекогаш љубов…“, напиша 37-годишниот Кристијано Роналдо со црно-белата фотографија што ја објави две недели откако тој и неговата партнерка Георгина Родригез го загубија синот близнак, кој почина при породување. Фотографијата ги разнежни фановите и колегите на Роналдо и многумина во коментари испратија пораки со поддршка до фудбалерот и неговото семејство.
Двојката допрва треба да открие какво име ѝ му е дадено на девојчето.
„Со најдлабока тага ја објавуваме смртта на нашето бебе. Тоа е најголемата болка што може да ја почувствува еден родител. Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да го живееме овој момент со мала надеж и среќа“, објавија тие по смртта на братот близнак на девојчето.
Георгина вчера за прв пат се огласи на „Инстаграм“, објавувајќи фотографија на која Роналдо ја држи левата рака вперена кон небото. Тоа беше потег посветен на починатиот син по голот на мечот со Арсенал.
ФОТО | Првпат по трагедијата се огласи свршеницата на Роналдо, Георгина Родригез