Федерацијата ќе му помогне на Партизан околу долговите за да не биде исфрлен од Европа

1 min read

Фудбалската федерација на Србија (ФСС) му плати 250.000 евра на Партизан, со цел тимот од Хумска да го реши проблемот со долговите кон швајцарскиот Лугано, да ја укине забраната за трансфери, но и да избегне исфрлување од Европа, пренесуваат српските медиуми.

Како што се наведува, „црно-белите“ се пред суспензија на ФИФА поради неплатени долгови при трансферот на Филип Холендер, поради што им е забрането да регистрираат играчи во следните три преодни рока, односно до 2024 година.

Но, на Партизан му се закануваше и посериозна казна што значеше исклучување од европските натпреварувања.

Тогаш реагираше поранешниот генерален секретар на ФСС, а моментално директор на УЕФА, Зоран Лаковиќ, кој ги увери сите да го пролонгираат усвојувањето на казната за 24 часа, со ветување дека Партизан ќе ги исплати долговите.

Интересно е што државата пред извесно време му даде на Партизан два милиони евра токму поради европската лиценца што значи регулирање на долговите кон клубовите и играчите.

Дали раководството на „црно-белите“ ги потрошило тие пари за други побарувања, односно плати, и натаму не се знае, но реакцијата на ФИФА откри дека не ги подмириле сите итни долгови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Да се потсетиме на легендата за „Големата камена глава“ и Скопје

Следно

ФОТО | Разговор со Сара Реџиќ, веселата дизајнерка: Моите креации ги замислувам на луѓе коишто си ги носат со ќеиф, разиграно низ светот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian