Елен Деџенерис ја сними последната епизода од своето ток-шоу

2 mins read

Последната епизода од шоуто, кое завршува по 19 сезони, ќе се емитува на 26 мај. Водителката по снимањето се огласи на својот инстаграм-профил.

„Кога го започнавме ова шоу во 2003 година, ајфон не постоеше. Социјалните мрежи не постоеја. Хомосексуалните бракови не беа легални. Гледавме како се менува светот, понекогаш на подобро, понекогаш не. Но што и да се случи, мојата цел отсекогаш беше да шоуто да биде место каде што сите можеме да се собереме и да се смееме еден час“, напиша таа.

„Што бев поканета во вашите животи беше најголемата привилегија во мојот живот и ми донесе неверојатна радост. Ви благодарам. Ви благодарам. Ви благодарам“, им кажа таа на гледачите.

Уште во мај минатата година, Елен објави дека ќе престане да го снима ток-шоуто.

„Колку и да е одлично ова шоу и колку и да е забавно, едноставно веќе не е предизвик за мене“, изјави таа тогаш за The Hollywood Reporter. Веста за крајот на снимањето дојде само неколку месеци откако поранешните вработени излегоа во јавноста со приказни дека сетот на серијата е „токсично место за работа“.

Елен Деџенерис ќе се збогува со своите гледачи: Дали токсичната работна атмосфера означи крај на едно од најгледаните ток-шоуа?

После тоа, тројца продуценти останаа без работа, а Деџенерис ја отвори тековната сезона со извинување во етерот. Шоуто се емитува од 2003 година и е едно од најпопуларните ток-шоуа во САД и едно од најпознатите во светот.

„Сакав да го завршам шоуто по сезона 16. Тоа требаше да биде мојата последна сезона, но тие сакаа да потпишам договор за уште четири години. Реков дека ќе потпишам можеби уште една година. Тие не се согласија на една година, па најдовме компромис за три. Знаев дека тоа ќе биде мојата последна сезона“, рече Елен.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хром добива целосно реконструирана сообраќајница

Следно

Западен Балкан – буре барут во вечната чекална на Европа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian