Димитриевски: Сè беше готово за трансфер во Барселона

1 min read

Столе Димитриевски во дресот на Рајо Ваљекано покажа уште една многу добра партија, со своите значајни одбрани придонесе во победата на неговата екипа против големата Барселона.

Македонскиот репрезентативен голман е среќен и задоволен од триумфот на „Камп Ноу“, со Рајо има важечки договор до 30 јуни 2024 година, обезбеди опстанок во шпанската „Ла Лига“.

Воедно признава дека сака да напредува како играч и неговата желба е да игра во поголем клуб.

Пред крајот на минатата годината, се шпекулираше дека Димитриевски беше на чекор од трансфер во Барса, но на крајот не се случи преселбата, еве и зошто:

– Да ви кажам искрено, Сè беше готово, вториот голман на Барселона (Нето) требаше да го напушти клубот. Поради некоја причина, тој не сакаше да го напушти клубот, па поради тоа јас не се преселив. Од моја страна сè беше готово, сè договорено.

Имам договор со Рајо до 2024 година, нокако и секој играч би сакал да напредувам, да играм во подобар клуб. Па ќе видиме што ќе се случи на лето. Сега се чувствувам полн со сила, имам многу искуство и натпревари зад мене, мислам дека сега е вистинско време да одам во подобар тим, каде што би можел да напредувам, да направам нови успеси, можеби да се преселам во нова лига. Навистина сум подготвен за тој чекор напред – рече Димитриевски во интервјуто за „mozzartsport.com“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Скопје пронајдени кокаин, марихуана, синтетички дроги

Следно

Почина мајката на Аки Рахимовски: До самиот крај не знаела за смртта на син ѝ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian