Да се потсетиме на легендата за „Големата камена глава“ и Скопје

1 min read

Една позната легенда за настанокот на Скопје е онаа за Големата камена глава. Скопјани сигурно добро ја знаат, но никогаш не е лошо повторно да се потсетиме на неа. 

Скопската Котлина била базен во кој имало огромна карпа која била со тркалезна форма и наликувала на човечка глава. Според легендата карпата била глава на огромен џин, кој бил проколнат од страна на злобен маѓепсник, кој откако го скаменил, со помош на своите магии зашекогаш му ги затворил очите, ноздрите, ушите и устата. Возвишен херој, кој овој чин го сметал за неправда, го предизвикал маѓепсникот. По долгогодишна борба, маѓепсникот бил поразен, а херојот со помош на своето магично копје, повторно ги активирал отворите на џиновската карпеста глава, односно, очите, ушите, ноздрите и устата, и на тој начин ги направил седумте патишта до скопската Котлина.  Името на возвишениот херој никој не го знаел.

skopjeinfo.mk

Претходно

Охридското крајбрежје повторно полно за продолжениот викенд

Следно

Федерацијата ќе му помогне на Партизан околу долговите за да не биде исфрлен од Европа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian