88 санкционирани возачи во Скопје

1 min read

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 88 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за користење на мобилен телефон.

Изречени се четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет санкции за управување под дејство алкохол, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

skopjeinfo.mk

Претходно

Нов споменик на паднатите закони и на загинатите институции

Следно

Разговор Петков – Шолц: Иднината на регионот е во семејството на ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian