1МФЛ: Брегалница убедливо го совлада новиот првак Шкупи

1 min read

Денеска во рамките од 30 коло во Првата македонска фудбалска лига се одиграа два натпревари: Брегалница Штип – Шкупи 4:1 и Шкендија – Работнички 1:0.

На Градскиот стадион во Штип Брегалница убедливо го совлада Шкупи кој минатото коло ја обезбеди титулата шампион во првенството.

Водеа домаќините од 15 минута со голот на Ѓокиќ, после скоро половина час игра израмнија чаирчани преку Адетунџи (29`).

Ѓокиќ од пенал во 48 минута ја врати предноста на штипјани, а за 3:1 се погрижи Стојанов.

Домашниот состав остана со играч помалку поради двата жолти картони на Азиновиќ, но и покрај тоа успеа да постигне уште еден гол до крајот на мечот преку Алтипармаковски кој беше прецизен од белата точка (90`).

Шкендија на домашен терен минимално со 1:0 го совлада Работнички, стрелец на голот за тетовските „црвено-црни“ беше Дориев во 55 минута.

На табелата Шкупи е на врвот со 71 бод после третиот пораз во шампионатот, пред Шкендија со 59, потоа Брегалница која по подолг период вкуси триумф е на петтата позиција со 42 бодови, додека Работнички кој и натаму е во лоша резултатска серија е осмопласиран со 37 бодови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Западен Балкан – буре барут во вечната чекална на Европа

Следно

ФОТО | На 86-годишна возраст го исполнила својот сон: Баба Дора отворила ресторан за тестенини

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian