Во Скопје дури 6 каснувања од улични кучиња вчера

1 min read

Во текот на вчерашниот ден регистрирани се повеќе каснувања од улични кучиња на подрачјето на Скопје. 

Вчера во 23.45 часот во Полициската станица Центар, Б.Б.(72) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар бил каснат од куче скитник.

Во 13.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.А. (27) од Скопје пријавил дека во с.Усје бил каснат од куче скитник.

Во 15.15 часот во Полициската станица Аеродром, М.П.(71) од Скопје пријавил дека на булевар „12-та македонска бригада“ бил каснат од куче скитник.

Исто така вчера, во 17.15 часот во Полициската станица Аеродром, Љ.П.(38) од Скопје пријавил дека на улица „Владимир Комаров“ бил каснат од куче скитник.

Во 13.00 часот во Полициската станица Петровец, З.П.(64) од Скопје пријавил дека во с.Катланово, скопско, бил каснат од куче скитник.

Во 10:30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, И.Н.(55) од с.Волково, скопско, пријавил дека на подрачјето на населба Стопански двор неговиот малолетен син од с.Волково бил каснат од куче скитник. 

skopjeinfo.mk

Претходно

УНХЦР: Во 2021 година над 3.000 мигранти загинале обидувајќи се да стигнат во Европа

Следно

Анчелоти: Тренерите не можат да ја кажат целата вистина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian