Во руски напад на Киев загина новинарката Вера Гирич

2 mins read

Во најновиот напад на руските сили во главниот град на Украина, Киев, вчера била убиена новинарката на Радио Свобода, Вера Гирич.

Многу новинари ги загубија животите во војната во Украина. На почетокот на овој месец, фотографот и документарен режисер Макс Левин беше пронајден мртов во близина на Киев.

Гирич порано живеела во зграда која била нападната од руските сили. Нејзиното тело било заробено под урнатините цела ноќ додека спасувачите не ја откриле следното утро.

Нејзиниот колега, Олександар Демченко, сподели објава на неговиот фејсбук-профил.

„Руска ракета ја погоди нејзината зграда, Вера лежела таму цела ноќ и ја пронашле дури наутро. Јас лично не сум лут и не сакам да плачам затоа што ова се повторува секојдневно. Само не знам како да кажам каква прекрасна личност почина…“, напиша тој.

 

Претходно беше објавено дека руска ракета погоди станбена зграда во Киев приближно во исто време кога украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш одржуваа прес-конференција во главниот град. Во нападот беа повредени најмалку десет лица.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕХФ: И во ракометот се укинува правилото „гол во гости“

Следно

Денеска почнуваат преговорите помеѓу СОНК и МОН со посредство на помирувач

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian