ВИДЕО: Вреден бод за Кадиз на гостувањето кај Севиља

1 min read

Фудбалерите на Севиља и Кадиз одиграа вечерва нерешено 1:1 во натпреварот од 34 коло во најквалитетната шпанска лига.

Поведе Севиља во седмата минута преку Ен Несири и со тој гол домаќините заминаа со минимална предност на паузата.

Оваа позитива не успеаја да ја задржат домашните играчи бидејќи нивниот противник дојде до израмнување во 66 минута кога стрелаше Перес.

Севиља е моментно на второто место во генералниот пласман во „Ла Лига“ со 64 бодови, 14 помалку и меч повеќе од првопласираниот Реал Мадрид.

Кадиз кој е на 17 позиција со 32 бодови во следното коло ќе игра со Елче, а Севиља ќе ги одмери силите со Виљареал.

Ла Лига, табела:

1.Реал Мадрид 78 бодови
2.Севиља 64
3.Барселона 63
4.Атлетико Мадрид 61

17.Кадиз 32

18.Гранада 30
19.Леванте 25
20.Алавес 25

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Маричиќ: Интензивно разговараме со Бугарите, топката е кај нив

Следно

Можно полуфинале Ѓоковиќ – Надал на турнирот во Мадрид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian