ВИДЕО | Џејмс Корден го напушта The Late Late Show по 8 сезони

1 min read

Џејмс Корден повеќе нема да го води „The Late Late Show“ на мрежата „CBS“ почнувајќи од летото во 2023 година. Британскиот актер кој стана водител штотуку го продолжи актуелниот договор со мрежата за само уште една година, објави „Deadline“.

Корден (43) официјално го презеде столчето во студиото 56 во Лос Анџелес во март 2015 година

„Беше навистина тешка одлука да заминам затоа што сум неизмерно горд на шоуто. Возбуден сум што продолжам уште една година“, рече Корден во изјавата. „Отсекогаш мислев дека ќе го работам ова пет години, па ќе заминам, а потоа останав. Навистина размислував долго време, прашувајќи се дали можеби ми претстои уште една авантура“.

Џејмс Корден ги изненади критичарите кои мислеа дека новодојденецот е храбар избор за „CBS“ во тоа време. Тој набрзо стана нашироко познат по неговите идејни сегменти на кои присуствуваа познати личности, како што се „Carpool Karaoke“, „Drop The Mic“, „Spill Your Guts“ и „Crosswalk Musical“, чии делови често стануваа вирални на социјалните мрежи. Сега, шоуто што е четирикратен добитник на Еми може да се пофали со повеќе од 10 милијарди прегледи и 27 милиони претплатници само на „YouTube“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

141 санкционирани возачи во Скопје

Следно

НСУВМК загрижени поради ставот на Министерството за правда за колективниот договор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian