ВИДЕО: Дончиќ го одведе Далас во полуфиналето на НБА плеј-офот

1 min read

Кошаркарите на Далас со победа во шестиот натпревар на гостувањето кај Јута (98:96) се пласираа во полуфиналето од плејофот на Западната конференција на НБА лигата.

Вкупниот резултат во серијата е 4:2, а Далас во полуфиналето ќе игра против Феникс, кој исто така ја заврши серијата со 4:2 со победа против Њу Орлеанс 115:109.

Ова е прв пласман во плеј-офот за Маверикси по 2011 година кога беа шампиони, а најзаслужен за победата беше Лука Дончиќ со 24 поени, девет скока и осум асистенции, а ист број на кошеви имаше и неговиот тимски колега Џејлен Брансон.

На спротивната страна за „џезерите“ најефикасен беше Донован Мичел со 23 поени (осум скокови, девет асистенции), следен од Хрватот Бојан Богдановиќ со 19 поени.

Натпреварот меѓу Феникс и Њу Орлеанс го одбележа Крис Пол со 33 поени и перфектен шут (14-14). Во полуфиналето е и Филаделфија која во шестиот меч го победи Торонто со 132:97. Камерунецот Џоел Ембид за Сиксерси доминираше со „дабл-дабл“ учинок од 33 поени и 10 скокови.

Филаделфија во полуфиналето ќе игра против Мајами, кој претходно ја елиминира Атланта со 4:1 во серијата.

НБА плеј-оф, резултати –

Торонто – Филаделфија 97:132 (2:4)
Њу Орлеанс – Феникс 109:115 (2:4)
Јута – Далас 96:98 (2:4)

ВИДЕО: Крај на сезоната за Јокиќ, „воините“ пресилни за Денвер

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЈП Лајка обезбедува бесплатна психолошка поддршка за децата кои имаат страв од куче

Следно

Адвокатот на Џони Деп: Амбер бараше бесплатно да живее во неговите станови

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian