Како што е веќе најавено, во Скопје ќе се организира меѓународниот турнир во олимписко теквондо „Скопје ОПЕН 2022“.
Турнирот ќе се организира в сабота (30 април) со почеток од 10.00 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ – Скопје.
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски објави дека ќе учествуваат вкупно 33 клубови од седум држави во олимписката дисциплина теквондо.
По осмипат се одржува „Скопје Опен“, а влезот е бесплатен во салата „Јане Сандански“ за сите љубители на боречките спортови и спортот воопшто.
Турнирот традиционално ќе биде организиран од страна на Таеквондо Клуб „Бутел“ и Македонската Таеквондо Федерација.