Шалке и Чурлинов се на чекор од враќање во Бундеслигата

1 min read

Денеска во 32 коло од втората германска Бундеслига составот на Шалке запиша многу важен триумф на гостувањето кај Сандхаузен (1:2).

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов за гостите го одигра скоро целиот натпревар, беше заменет во 94 минута.

Нашиот играч можеше да се запише во листата на стрелците, во 71 минута ја погоди стативата, за негова среќа одбиената топка дојде до Тероде кој од непосредна близија ја затресе домашната мрежа за водство од 0:1. Израмнија домаќините со голот на Дикмејер, а конечниот епилог го постави Тероде со својот втор погодок на мечот.

За Шалке до крајот на сезоната има уште два меча, со победа во следното коло над Ст. Паули дома на 7 мај може да го обезбеди пласманот, односно го слави враќањето во Бундеслигата.

Првопласираните две екипи одат директно во елитата, а третопласираниот во бараж. Моментно составот на Бускенс е на водечката позиција со 59 бодови, пред Вердер Бремен со 57 од 32 натпревари, трет е Дармштад со 54 бодови од 31 натпревар, Ст. Паули на четвртата позиција со 54 од 32 натпревари…

Бундеслига 2, табела –

1. Шалке 59 бодови (32 натпревари)
2. Вердер Бремен 57 (32 натпревари)
3. Дармштад 54 (31 натпревар)

4. Ст. Паули 54 (32 натпревари)

5. Хамбургер 51 (31 натпревар)
6. Нирнберг 51 (32 натпревари)
7. Падерборн 47 (31 натпревар)

www.slobodenpecat.mk

Претходно

САД не гледаат закана дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје

Следно

Хороскопот вели: Ова е вашата лоша страна!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian