Сега и Мијалков сака спогодба, фирмата „Ексико“ била негова

1 min read

И поранешниот директорот на ДБК, Сашо Мијалков, размислува да се спогоди за случајот „Империја“, како што направи Орце Камчев, изјави вечерва шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

„Дали ќе прифатиме, ќе зависи од координацијата со јавниот обвинител Јовески. Сакам да појаснам дека е многу за државата во готово да се уплатат средства од овие замрзнати 32 милиони евра, затоа што сите знаеме колку време треба за пресуда и таа да стане правосилна. Вчера разбрав дека за одземен имот од предметот „Франкфурт мафија“, сега почнува постапката за продавање, по 10 години. Во интерес на државата е да се уплатат пари во готово“, рече Русковска во емисијата „Топ тема“ на Телма.

Воедно, таа рече дека во рамки на истрагата за „Империја“ било утврдено дека фамозната офшор-компанија „Ексико“ дефинитивно била на Мијалков, а во тој контекст ја спомена и „Дивелоп Груп“, во чија сопственост е хотелот „Мериот“.

Обвинителството денеска соопшти дека Орце Камчев признал вина за перење пари со неговата поранешна компанија „Орка холдинг“ во 2005 година, со што се спогодил да плати над пет милиони евра во државниот буџет и да добие казна затвор од една година, која ќе му биде пресметана во времето поминато во притвор.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хороскопот вели: Ова е вашата лоша страна!

Следно

Норвешка ја затвори границата со Русија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian