САД не гледаат закана дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје

1 min read

САД не веруваат дека постои закана Русија да употреби нуклеарно оружје, и покрај неодамнешното заострување на реториката на Москва, изјави денеска неименуван висок претставник на американската одбрана.

– Продолжуваме да ги следиме нивните нуклеарни капацитети секој ден и нашите проценки се дека нема закана од употреба на нуклеарно оружје или закана за територијата на НАТО, додаде функционерот во изјава за американски медиуми.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави во понеделникот дека Западот не треба да го потценува зголемениот ризик од нуклеарен конфликт во Украина.

Русија претходно овој месец соопшти дека планира да ги распореди своите новопробани интерконтинентални балистички ракети „Сармат“, способни за нуклеарни напади врз САД до есен.

Западната загриженост за ризикот од нуклеарна војна се зголеми откако претседателот Владимир Путин ја почна руската инвазија на Украина на 24 февруари со говор во кој остро се осврна на нуклеарните сили на Москва и предупреди дека секој обид да се запре на патот на Русија „ќе ве доведе до такво последици кои никогаш не сте ги сретнале во вашата историја“, јавија западни медиуми. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Иванов: Владата „гаси пожари“ од ден на ден, се зема од едно место и се дава на друго

Следно

Шалке и Чурлинов се на чекор од враќање во Бундеслигата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian