Рекордно високо ниво на американскиот трговски дефицит во март

1 min read

Трговскиот дефицит на САД се зголеми на рекордно високо ниво во март, откако компаниите, под притисок на недостигот на суровини, почнаа да складираат залихи по инвазијата на Русија врз Украина. Тоа се нагласува во нов извештај на американското Министерство за трговија.

Податоците покажуваат и значително зголемување на залихите на мало и големо. Ова може да неутрализира дел од влијанието врз економскиот раст од големиот трговски дефицит.

Трговскиот дефицит во март скокна за 17,8 отсто на рекордни 125,3 милијарди долари. Зголемувањето веројатно ќе ги одрази и повисоките количини на увоз и повисоките цени.

Стапката на раст на увозот на стоки е 11,5 отсто на вкупно 294,6 милијарди долари. Тоа беше поттикнато од скок од 15 отсто на увозот на индустриски производи, вклучително и нафтени деривати.

Увозот на стоки за широка потрошувачка е зголемен за 13,6 отсто, а на моторни возила за 12 отсто. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Од луѓето со двојни државјанства, покрај македонското 19,645 луѓе се и со бугарско, а 10,909 и со српско

Следно

Подобри услови за спортски активности во Ѓорче Петров

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian