Подобри услови за спортски активности во Ѓорче Петров

1 min read

Со поддршка на УСАИД И МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование / MCEC во рекордно време заврши замената на азбестниот кров од спортската сала во ОУ Страшо Пинџур во општина Ѓорче Петров. 

Вкупната инвестиција е 1.858.132 денари.

– Извршена е реконструкција на носечката конструкција, поставена е термоизолација, целосно е променет кровот и поставена е нова громобранска заштита на објектот. Проблемот со прокиснување веќе е минато, а учениците добиваат подобри услови за спортски активности, порача градоначалникот Александар Стојкоски. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Рекордно високо ниво на американскиот трговски дефицит во март

Следно

Од 1 мај се укинуваат ковид ограничувањата за влез во Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian