Можно полуфинале Ѓоковиќ – Надал на турнирот во Мадрид

1 min read

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал би можеле да се сретнат во полуфиналето на мастерс турнирот во Мадрид.

Ѓоковиќ е трикратен шампион во Мадрид (2011, 2016, 2019), во првото коло е слободен, а во второто ќе се сретне со подобриот од пресметката на Гаел Монфис и младиот Карлос Химено (20). од Шпанија.

Доколку српскиот ас ја помине таа пречка, негов следен проектиран противник би бил Денис Шаповалов. Пред тоа Канаѓанецот ќе го има победникот од дуелот Доминик Тим – Енди Мареј.

Потенцијален ривал на Ноле во четвртфиналето е Каспер Руд, а во тој дел од жрепката е и Алехандро Давидович Фокина.

Младиот Карлос Алкараз оди кај Надал во четвртфиналето. Миомир Кецмановиќ немаше среќа со жрепката – во првото коло ќе се сретне со Александар Бублик, а во случај на победа оди кај Рафаел Надал. Рафа во третото коло би се сретнал со Пабло Карењо Буста, кој стартува од Ван де Зандшулп.

Интересни мечеви од првото коло: Тим – Мареј, Давидович Фокина – Харис, Бруксби – Фриц, Чилиќ – Рамос, Чориќ – Баутиста Агут…

Целата жрепка можете да ја погледнете на следниот линк ТУКА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Вреден бод за Кадиз на гостувањето кај Севиља

Следно

Дневен хороскоп за 30 април: Денес се случува еклипса на Сонцето, време е за нов почеток

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian