ФОТО | Првпат по трагедијата се огласи свршеницата на Роналдо, Георгина Родригез

2 mins read

Пред нешто помалку од две недели, Георгина Родригез, која беше бремена со близнаци, го изгуби едното дете при породување. Неутешните свршеници Кристијано Роналдо и Георгина се обидуваат да ја пребродат најголемата трагедија во нивните животи и да соберат сила да продолжат понатаму.

Иако Георгина Родригез не ѝ се обрати на јавноста по трагичниот исход и смртта на нејзиниот син за време на породувањето, таа сега на значаен начин го прекина молкот на социјалните мрежи.

Вчера таа објави фотографија од својот партнер Кристијано Роналдо во чиј опис стави емотикон бело срце, направена на саботниот натпревар со Арсенал, веднаш по неговиот гол. Фудбалерот ја крена раката кон небото, симболизирајќи кон синот што го загубија.

Четири дена претходно, поради трагична загуба, тој ја пропушти средбата на својот клуб Манчестер Јунајтед со Ливерпул. Минатата недела фудбалерот на социјалните мрежи потврди дека нивниот син починал за време на породувањето.

Неколку дена подоцна, тој објави семејна фотографија со новородено девојче.

„Доме сладок доме. Георгина и нашето девојче конечно се со нас. Сакаме да им се заблагодариме на сите за нивните убави зборови и гестови. Вашата поддршка ни е многу важна и сите ја почувствувавме вашата љубов и почит. Сега е време да бидеме благодарни за животот што го пречекавме“, напиша тогаш тој, а објавата ја реобјави и Георгина.

Повеќе написи на темата:

 

Голема трагедија: Роналдо објави дека почина неговиот новороден син

 

По семејната трагедија: Емотивна објава на сестрата на Кристијано Роналдо

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ристовски пред решавачкото дерби со Еурофарм Пелистер: Да победиме во најважниот меч и да ја освоиме титулата

Следно

Аналитичари: Само азилантот во Будимпешта на секој половина мандат организираше предвремени избори

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian