Денеска во 26 коло од најсилното првенство на Молдавија составот на Шериф Тираспол со 0:3 го совлада Динамо-Ауто.
На тој начин Шериф ја обезбеди титулата и моментно е на првото место со 66 бодови, недостижни за второпласираниот Петрокуб.
Оваа е вкупно 20 титула за клубот во шампионатот, или седма по ред.
Сите голови на денешниот дуел беа постигнати во второто полувреме, по еден гол имаа Бадоло, Бруно и Траоре.
Македонскиот репрезентативец Бобан Николов настапи од 79 минута како замена за Бадоло.
Николов со Шериф има шанса да се закити со уште еден трофеј сезонава, на 21 мај ќе го игра финалето од молдавскиот Куп против Сф. Георге.