Претходно ваков потег имаше Европската фудбалска куќа (УЕФА), сега истото го направи и Европската ракометна федерација (ЕХФ).
Извршниот комитет на ЕХФ на состанокот во Љубљана (Словенија) донесе одлука да се укине правилото „гол во гости“.
Ова ќе важи од следната натпреварувања сезона 2022/2023 во сите ЕХФ клупски и репрезентативни натпреварувања.
Нема повеќе да им се дава предност на гостите кои поради поголемиот број постигнати голови (во нокаут-дуелите) на гостувањата, обезбедуваа пласман во следната фаза.
Сега, во случај гол-разликата да биде изедначена по два натпревари од нокаут фазата, победникот ќе се дознае по изведувањето на пеналите.