Доколку сакаат улично осветлување карпошани ќе мора да плаќаат 500 наместо 150 денари

3 mins read

Тотален мрак после полноќ во Карпош. Жителите реагираат дека не е безбедно за движење, но е и погоден амбиент за криминални активности, додека пак, градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски пред два дена најави дека мора да се штеди струја поради екстремно високите сметки.

Јакимовски соопшти дека поради екстремно високи сметки за електрична енергија, Општина Карпош презема мерки за штедење. Градоначалникот објасни дека на располагање се две можности – едната е да се штеди, другата е да се зголеми цената за улично осветлување што ќе падне на грб на граѓаните.

За да не се оптовари дополнително буџетот на граѓаните, одлучено е да се преземат мерки за штедење, но доколку јавноста смета поинаку, Јакимовски е подготвен да распише референдум на кој граѓаните ќе донесат конечна одлука како да се премости проблемот, соопштија од општината. 

– Набавивме 173 тајмери кои што после 1 часот по полноќ го гасат светлото од причини што сметките за електрична енергија се три и пол пати поголеми во однос на оние што сме ги имале претходните години во исто време, односно во 2021 и во 2020 година за улично осветлување сме потрошиле 13 милиони денари за цела година и такви историски трошоци биле предвидени за 2022 година. Но, за жал, само во првите три месеци годинава сме потрошиле 13 милиони денари за електрична енергија. Сметките кои биле 2 милиони денари сега се 7 милиони денари. Тоа се пет милиони денари плус секој месец, односно 80.000 евра. Јас како одговорен субјект кој ја води оваа општина имам на располагање две можности. Првата можност е да штедиме, а втората можност е да ја покачиме цената за улично осветлување. Тоа значи ако вие како граѓани сега плаќате по 150 денари по тарифно броило за улично осветлување, во иднина би требало да плаќате околу 500 денари за да можеме да ги покриеме трошоците. Ако граѓаните инсистираат на таа варијанта тогаш јас сум подготвен да одиме на референдум па како ќе одлучат граѓаните така- сакаат да штедиме или сакаат сметките да бидат поголеми. Во овој момент со ова исклучување од 1 часот по полноќ до 5 часот изутрина ние штедиме само 30 проценти од сметката. Тоа значи на тие 7 милиони денари, заштедуваме 2 милиони денари. Тоа значи дека и вака треба дополнително да издвојуваме 50 илјади евра од буџетот на општината. Немаме опција да скратиме други трошоци, затоа што во општината се штеди максимално за да ги вратиме долговите и во наредната година да можеме да обезбедиме околу 5 милиони евра за сите потреби на граѓаните на општина Карпош, а тоа се за фасади, за кровови, за лифтови, за реконструкција на улици, за инвестирање во делот на енергетиката, односно да инсталираме 1 мегават фотоволтаици со кои што ќе ја компензираме оваа цена на електрична енергија. Ги молам граѓаните за разбирање, ги разбирам стекнатите навики, но ова е сепак вонредна ситуација на која и ние како локална самоуправа и вие како граѓани мора да се прилагодиме, рече градоначалникот Јакимовски.   

skopjeinfo.mk

Претходно

Построги казни и конфискација на возила за несовесните возачи во Австрија

Следно

ВИДЕО: Американскиот пливач Армстронг постави нов светски рекорд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian