Добитничка на џекпот од 115 милиони фунти подарила половина од сумата: Станав зависна од помагање

2 mins read

Френсис Коноли од Ирска која е добитничкат на џекпот вреден 115 милиони фунти, поделила повеќе од половина од сумата и откри дека станала „зависна“ од помагање на другите, пренесува „Би-Би-Си“.

Коноли се договорила со нејзиниот сопруг Патрик за годишен буџет кој ќе биде дониран во добротворни цели, но веќе ја потрошила сумата што била планирана да трае до 2032 година. Двојката го освои џекпотот „EuroMillions“ во 2019 година и веднаш почнале да ги делат парите со пријателите и семејството.

Коноли истакна дека помагањето на другите ѝ носи „возбуда и зависност“.

„Сега сум зависна од тоа“, изјавила таа.

Поранешниот социјален работник и учителка има основано две добротворни организации – едната именувана по нејзината покојна мајка Кетлин Греам во нејзината родна Северна Ирска и „PFC Trust“ која ги поддржува локалните млади негуватели, постарите лица и бегалците во нејзиниот роден град.

Како што вели, веќе подарила околу 60 милиони фунти, но не води грижи за парите, шегувајќи се дека би се загрижила доколку тоа го види нејзиниот 57-годишен сопруг.

Коноли се откажала од идејата да троши пари на луксузни работи, велејќи дека написите дека некој потрошил 25.000 фунти за шише шампањ ја натерале да помисли дека парите можеле да му помогнат на еден млад човек да купи куќа.

„Зошто не би го направила тоа? Тоа го правам цел живот. Ионака би била милионер ако ги земам назад сите пари што ги дадов низ годините“, одговорила таа на прашањето зошто ја прави среќна да помага.

Френсис вели дека освојувањето огромни суми пари може да промени нечиј живот, но тоа не ја менува нивната личност.

„Ако си глупав пред да го добиеш џекпотот, ќе бидеш глупав и потоа“, заклучи таа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Трагедија: Новинарка на Радио Слободна Европа загина при напад врз Киев

Следно

Од луѓето со двојни државјанства, покрај македонското 19,645 луѓе се и со бугарско, а 10,909 и со српско

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian