Денеска почнуваат преговорите помеѓу СОНК и МОН со посредство на помирувач

2 mins read

Денеска во 14 часот започнуваат преговорите помеѓу СОНК  и  Министерството за образование и наука. Преку овие преговори, како што вели Јаким Неделков, по пат на помирување со помош на овластен помирувач ќе се обидат да најдат решение за барањата на наставниот кадар.

– Тоа што денеска продолжи наставниот процес не значи дека сме ги прифатиле понудените 12 проценти. Ние не прифативме ништо затоа што така одлучи членството на СОНК и на некој начин повторно се наоѓаме на почеток на  преговорите. Со помош на овластен помирувач ќе се обидеме да ги добиеме бараните 18,4 проценти зголемување на платата, нов колективен договор и континуирано зголемување на платите за  2023 и 2024 година, вели Неделков.

Тој нагласува дека  рокот за  завршување на преговорите е десет дена.

– Во рок од десет дена треба да завршат преговорите. Потоа ќе знаеме што сме постигнале и како ќе дејствуваме понатаму, додаде Неделков, не сакајќи да најавува евентуално продолжување на  штрајкот.

Тој вели дека наставниците се доволни искусни за да можат пропуштениот наставен материјал да го надоместат без да има потреба да се надополнуваат изгубените часови.

– Не верувам дека ќе има потреба од продолжување на учебната година. Наставниот материјал може квалитетно да се помине во различна форма од претходно предвидената, но сепак тоа нема да биде „претрчување“ на програмата. Секако дека ние нема да се мешаме во одлуката на МОН и на Бирото за развој на образование, но ако не консултираат може да излеземе со предлог на кој начин да се одвива наставата до крајот на учебната година, вели Неделков.

Наставници реагираат на помирувањето со МОН и велат дека тие никогаш не поднеле тужба до МОН и затоа нема потреба од помирување.

– Доколку ние поднесевме тужба до МОН за да ни ги исплати парите за шесте години кога не беше направено усогласување на нашите плати, ќе можеше да се каже дека има потреба од помирување. Тука не станува збор за тужби, ние не сме во работен спор, туку сме во штрајк, реагираат наставниците.

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во руски напад на Киев загина новинарката Вера Гирич

Следно

Чаир значи ливада, Кисела Вода била голема градина, а Топана била Циганско маало

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian