Бугарија и Романија заеднички ќе купуваат природен гас, Дунав е нова рута за транспорт

2 mins read

Бугарскиот премиер Кирил Петков разговараше во Букурешт со романскиот домаќин Николае Чука, романскиот претседател Клаус Јоханис и еврокомесарката за транспорт Адина Валеан, објавија бугарските медиуми.

Премиерот Петков изјави дека влезот во Шенген е огромен приоритет и за Бугарија и за Романија и оти ќе се движат заедно за да не се одложуваат следните чекори.

Чука најави дека Романија најверојатно ќе има гас од интерконекторот меѓу Бугарија и Грција наесен. Петков најави дека на 5 мај во Софија ќе се одржи регионален состанок на министрите за енергетика за потенцијалот за обезбедување на гас од Азербејџан и Турција, јави дописникот на МИА од Софија.

Гасоводот што порано носеше гас преку Романија и Бугарија до Турција сега може да работи во спротивна насока, рече Кирил Петков. Бугарија и Романија имаат одлична можност заедно да купат течен гас, бидејќи цените ќе бидат подобри со преговарање за поголеми количини. главни цели, изградбата на вториот мост меѓу Ѓурѓу и Русе започнува проектот за ископ на Дунав.

Капацитетот на траектната линија ќе биде 40 тони и ќе го поддржува сообраќајот меѓу двете соседни земји. Поправка на бугарската делница на Дунавскиот мост ќе се врши со европски средства. Регионално, во контекст на руската инвазија на Украина, премиерите на Романија и Бугарија, како што рече Чука, коментираа дека Молдавија е најранлива земја во однос на безбедноста и се согласија да и ја пружат потребната помош како и на Молдавија и Грузија.

Сите заедно ја поддржуваме Молдавија и ќе бидеме нивни партнер на нивниот пат кон ЕУ, додаде бугарскиот премиер Кирил Петков.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Норвешка ја затвори границата со Русија

Следно

ФОТО: Николов со Шериф ја освои шампионската титула во Молдавија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian