Анчелоти: Тренерите не можат да ја кажат целата вистина

1 min read

Карло Анчелоти одржа прес-конференција пред саботниот натпревар на Реал Мадрид против Еспањол во рамките од шпанската „Ла Лига“.

Потсетување дека на „кралевите“ им е потребен само уште еден бод за да ја обезбедат титулата во првенството.

Од Анчелоти беше побарано да ги коментира изјавите на тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, кој рече дека останува во Париз, а со него и Килијан Мбапе, големата желба на Реал.

– Тренерите на прес-конференциите не можат да ја кажат целата вистина. Тоа е нормално. Но, ние мислиме на две работи, а тоа се победа утре и победа во среда. Тоа е она за што размислуваме во моментов – рече Анчелоти.

Да потсетиме, Мбапе летово ќе стане слободен играч, а Реал се бори за неговиот потпис со ПСЖ.

На првиот дуел од полуфиналето во Лигата на шампионите, Манчестер сити беше подобар од Реал со 4:3.

Покетино ги нервира газдите на ПСЖ, нема намера да си оди

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Скопје дури 6 каснувања од улични кучиња вчера

Следно

Бројни македонски артисти номинирани на Muzzik Video Awards: Фанк шуи водат со пет номинации

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian