Џафери: Македонското Собрание да донесе резолуција со која ќе се дефинираат злосторствата во Украина

2 mins read

Македонското Собранието да донесе резолуција или декларација со која ќе се дефинираат злосторствата коишто се направени од руската агресија врз Украина, изјави на брифинг со новинарите претседателот на парламентот Талат Џафери по посетата на Украина. Ова било побарано од Џафери и од другите претседатели на парламенти кои на покана на претседателот на парламентот на Украина, Руслан Стефанчук, престојувале во Украина. Џафери, освен со Стефанчук, се сретна и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Допрва ќе треба да се утврди како ќе бидат дефинирани злоделата кои се случуваат во Украина, ако македонското Собрание одлучи да донесе таква резолуција или декларација иако Џафери од Украина веќе се изјасни дека „лично ќе се залага овие слики да го добијат правото име што им следува, а тоа е геноцид и ништо друго“.

Тој најави дека Украина ќе добие и различен вид на помош од Македонија, во зависност од потребите кои подоцна ќе бидат определени, а ако треба и воена.

– Како општа определба на државата е да се поддржува Украина и украинскиот народ. Така и јас отидов да дадам лична поддршка за земјата да ја врати контролата на целата територија.Таа поддршка е повеќезначајна, може и во финансиски, материјален и санитарен аспект во зависност што ќе побара Украина. Секако може да биде и воена. Обврските ќе произлезат од потребите што ќе се искажат и како Собрание треба да ги дефинираме злоделата кои што се направени таму и ќе бидеме во кординација со другите чинители за да се иницира таква резолуција – изјави Џафери.

Тој информира дека за патување во Киев биле информирани премиерот и претседателот на државата. Впечаток на Џафери по посетата на Украина е дека украинскиот народ е со висок морал и дека во областите каде нема воени дејствија, луѓето ги извршуваат секојдневните обврски.

– Зоната во која што се движевме беше надвор од воени дејствија и намерата беше да се видат на самото место последиците. Позитивен момент беше што луѓето се свесни што им се случува и работоспособните си одеа на работа, земјата е обработена и впечатокот е дека моралот и на граѓаните и на институциите е на високо ниво – рече Џафери.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Еклипсата на 30 април најмногу ќе влијае на овие четири хороскопски знаци

Следно

Како „пироманите“ го испланирале опожарувањето на автомобилот на Шилегов: ЈО објави детали

Latest from Blog

Челси го купува Кунде

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде ќе биде првото заилување на Челси откако ќе биде официјализирана продажбата

MacedonianEnglishAlbanian