Државниот здравствен и санитарен инспекторат денеска уништи детски играчки кукли кои што биле земени во објект во Битола затоа што не се безбедни за децата во однос на механичкото физичко својство. Куклите се со потекло од Кина. Поништени се вкупно 11 примероци. Направен бил надзор кај увозникот и не била побарана втора анализа. Поради пожар во магацинот на увозникот не се достапни други информации.
Пред два дена ДСЗИ со решение забрани увоз на детска играчка детска козметика „сет шминки” со потекло од Кина затоа што не одговараат за употреба поради несоодветно означување. На 14 април уништени биле 18 парчиња од овие шминки кои ги увезла фирмата Акса ДООЕЛ од Скопје. Донесено е и решение за забранет увоз.