Во Јужна Кореја уапсени две лица поради шпионажа

1 min read

Во Јужна Кореја денеска се уапсени две лица осомничени за откривање воени тајни на лице за кое се верува дека е севернокорејски агент.

– Ова е прв случај во кој е откриено дека активен офицер и цивил по наредба на севернокорејски агент оддавале воени тајни, соопшти полицијата.

Осомничените извршен директор на берзата за криптовалути и воен офицер откриле деталите за апликацијата во електронскиот систем на заедничката воена команда на Јужна Кореја. Тие се товарат дека примиле големи суми пари во замена за информации.

Идентитетот на севернокорејскиот агент не е утврден, а не се знае до какви информации имале пристап уапсените.

kurir.mk

Претходно

Тренчевска: Преку законски измени им го подобруваме животот на лицата со попреченост и нивните семејства

Следно

Исчистени 450 тони линдан од малата депонија во „ОХИС“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian