Најмодерната боја за коса треба да ги содржи овие три нијанси!
Кога ќе избирате боја за коса за оваа сезона, листајки низ страниците со популарни тренови ќе наидете на познатите „Јагода блонди“ и „Ледена блонди“ како трендови, но сега на ТикТок главната нијанса, воедно и најмодерна за ова лето е нијансата наречена „Ванила, бадем, путер“.
Станува збор за прекрасна мешавина на топли и ладни тонови, а и фризерите тврдат дека таа е идеална за ова лето.
Во оваа „ванила“ мешавина коренот на косата е офарбан во потемна нијанса на лешник, а потоа косата надолува се спушта во мешани прамени од златна и нежно леденосина нијанса.
Оваа прекрасна комбинација на бои ја покажа корисничката Криси Расмусен, а на ТикТок има повеќе од милион прегледи. Лајковите и позитивните коментари не престануваат, па погледнете како точно изгледа најмодерната боја за коса за ова лето.
@hairby_chrissy #hairby_chrissy #habithairx #hairextensions #hairextensioneducation @matsallen1 #habitsalonaz ♬ as it was x cruel summer x deja vu – matty james