Српска „Политика“ ја нарече посетата на бугарската делегација во Битола „фашистички марш“

4 mins read

Македонскиот државен врв, почнувајќи од претседателот, премиерот, министрите за надворешни работи и за внатрешни работи, рече дека тоа е директна провокација, а Димитар Ковачевски се обиде да го резимира проблемот, нагласувајќи: „Антифашистичката ориентација е дел од нашиот национален идентитет“. Но, остануваат голем број отворени прашања.

Како „фашистички марш“ српскиот весник „Политика“ го опиша отворањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, пренесе БГНЕС. Текстот е насловен: „Бугарската субверзивна активност на фашистичките колаборационисти ги налути Македонците“.

„Дури 77 години по победата над фашизмот во Северна Македонија, ова зло од минатото стана топ тема. „Добрососедската“ држава испрати своја делегација во Северна Македонија, составена од премиерот на Бугарија, вицепремиер, министер за надворешни работи, поранешен министер за надворешни работи и поранешен министер за одбрана, за уште еднаш да го понижи македонскиот народ со отворање на бугарскиот културен центар во Битола, наречен „Ванчо Михаилов“. Тој беше убеден соработник на Хитлер, Мусолини, Павелиќ, бугарскиот цар Борис III.

Во тие црни времиња идентитетот на македонскиот народ не само што беше оспоруван, туку и газен од фашистичката чизма. Дали името на културниот центар всушност ја крие пораката „Ова е Бугарија“? Во земја каде што соработниците на Хитлер, како дел од окупаторската бугарска војска и полиција, ги затвориле сите Евреи од Штип, Скопје, Кичево и ги испратиле во логорот Треблинка. Убиени се 7.144 од нив. Паралелно 30.000 Срби биле однесени со сточни вагони од Скопје во окупационата зона на Вермахт, а помал број во логори во Германија и Бугарија. Овие податоци се во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје.

Овој бугарски чин, со кој се рехабилитираше нацистичката и фашистичка идеологија, ни повеќе ни помалку го промовираше Кирил Петков, бугарскиот премиер. И тоа не беше се. Нокаут е неговата изјава дека тој е „мост меѓу двете земји“ во време кога бугарската официјална политика смета дека Северна Македонија може да влезе во ЕУ само како земја во која живеат луѓе со бугарско потекло и дека Бугарите мора да бидат дел од Уставот на PCM. Се разбира, освен цврстиот став дека во Македонија живеат повеќе од 3.500 официјални Бугари и дека им е одземено правото на самоопределување, Петков и неговите соработници сметаат дека во Бугарија нема Македонци. Иако Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди дека правата на Македонците во Бугарија се одземени и државата мора да им дозволи да живеат како Македонци.

Петков е дипломиран на Харвард и со прозападна ориентација, за разлика од Румен Радев – претседателот на Бугарија, кој се доживува како проруски. Судирот на две идеологии кои доаѓаат од Софија покажа сличен проблем во Украина, каде се судрија неонацистите и антифашистите.

Македонскиот државен врв, почнувајќи од претседателот, премиерот, министрите за надворешни работи и за внатрешни работи, рече дека тоа е директна провокација, а Димитар Ковачевски се обиде да го резимира проблемот, нагласувајќи: „Антифашистичката ориентација е дел од нашиот национален идентитет“. Но, остануваат голем број отворени прашања.

Како бугарската делегација „домаршира“ во Северна Македонија? Не можеше ли Министерството за правда да излезе со став дека овој бугарски центар не може да биде заведен под ова име? Дали е можно никој од извршната и судската власт на Македонија да не знаел со каква намера Петков влегува во Северна Македонија и никој да не му се меша во намерите? Ако е точно дека не знаеле за бугарскиот план, тогаш зошто како домаќини не присуствувале на отворањето и не го поддржале предложениот „мост на пријателството“ на Петков?

Но, сеништето на фашизмот повторно се појави под македонското небо. Зајде „јасното сонце“, стои во текстот на „Политика“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Маалски драмски разговори“: Одбележана 70-годишнината од раѓањето на Горан Стефановски

Следно

Вархеји и Донфрид во посета на Тирана

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian