Спасовски: Човек близок до Мицкоски го уби ракометарот Денис Тот

1 min read

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска во Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека убиецот на хрватскиот ракометар Денис Тот, бил близок до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Тоа го покажуваат сликите – рече Спасовски, алудирајќи на фотографиите што излегоа во јавноста, каде првоосомничениот Анџело Ѓорѓиевски е фотографиран со Христијан Мицкоски.

Toj ги отфрли обвинувањата дека институции се обиделе да го сокријат убиството на хрватскиот ракометар.

-Убиството беше решено во најкус рок. За да криете нешто треба да имате мотив. Кој би бил нашиот мотив? – рече Спасовски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | ТикТок пресуди, а милион жени се вљубија: Најмодерната боја за коса за ова лето треба да содржи три нијанси

Следно

Бајден ќе предложи пакет од 33 милијарди долари за Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian